Top Sport

Атлетик ја прекина мизерната серија – победи со гол од пенал во 91. минута! (видео)

Атлетик Билбао, еден од само трите шпански клубови (покрај Барселона и Реал Мадрид), кој ниту еднаш не испаднал од првата лига, конечно, по 13 натпревари успеа да победи и да излезе од зоната на испаѓање.

Сепак, на „Сан Мамес“ не беше лесно – до победата од 1:0 над Џирона, Билбао стигна со гол во 91. минута преку Ариц Адуриз од белата точка.

Ова е само втора победа за славниот баскиски клуб оваа сезона (иако имаат осум ремија), и прва под водство на новиот тренер Гаизка Гаритано, кој има задача да го спречи незамисливото.

Scroll to Top