Top Sport

Атлетик со еден гол го реши Елче за прогрес на табелата

Атлетик во Билбао минимално со 1-0 славеше победа против Елче во рамки на 17 коло во Ла Лига.

Баскискиот клуб стигна до 6-тата сезонска победа со голот на Муниаин во 25 минута од мечот. Домашните упатија повеќе удари кон противничкиот гол, но само еден го најде патот до мрежата.

Со овој триумф Атлетик изби на 9-тата позиција на табелата со 21 поен.

На Елче, пак, кој направи изненадување во претходното коло кога одигра 1-1 со лидерот во лигата Реал Мадрид му претстои борба за опстанок затоа што е само 1 бод над зоната за испаѓање во понизок ранг.

Scroll to Top