Top Sport

Атлетик во 14 дена ќе играат две финалиња во Копа дел Реј

Фудбалерите на Атлетик Билбао во две недели ќе играат 37 и 38 пат во финалето на копа дел Реј. Фудбалерите од Билабо, синоќа, со голот ан Берегнерг во 112.минута изборија победа над Леванте и пласман во финалето на Купот во сезоната 2020/2021.

Поради чудната одлука на Ла Лига, Копа дел Реј нема победник за изминатата сезона. Финале во Купот за сезоната 2019/2020 изборија Атлетик Билбао и нивните ривали од Баскија Реал Сосиедад.

Ова финале ќе се одигра на 3.април во Севилја на стадионот „Картуха“, а на 17.април, на истото место Атлетик Билабо ќе го одиграат и финалето против Барселона.

Атлетик Билбао досега 23 пати поебдиле во Копа дел Реј.

Scroll to Top