Top Sport

Атлетико без Хименез против Сити

Атлетико Мадрид ќе биде значително хендикепиране на утрешниот натпреваро со Манчестер сити, во Лигата на шампионите. Првиот четвртфинален меч поради повреда ќе го пропушти Хозе Марија Хименез.

Хименез, во саботата, одигра 86.минути во убедливиот триумф над Алавез (4:1). Клубот објави дека Хменез нема да патува во Манчестер поради болки во мускулот.

Натпреварот со Манчестер сити поради повреда ќе го пропушти и Мексиканецот Ектор Ерера, а поради суспензија нема да игра Јаник Караско.

Scroll to Top