Атлетико Мадрид контактирале со претставниците на англискиот шампион Манчестер сити, за можно враќање на Серхио Агуеро во Шпанија, кој би бил совршено засилување на тимот кој може да го загуби Антоан Гризман, тврди весникот „Марка“.
Агуеро добил сигнал дека тој сигурно ќе биде во составот, без разлика дали Французинот ќе го комплетира трансферот во Барселона. Единствен проблем може да биде тоа што семејството на Агуеро нема голема желба да се врати во Шпанија, и Агуеро најавил дека сака да се фокусира само на побрзото опоравување од повредите пред Светското првенство во Русија.
Агуеро е најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити, и оваа година ја прослави премиерлигашката титула со составот на Пеп Гвардиола, со најави за нови засилувања во клубот, за да се тргне во лов на Лигата на шампионите.
Фото: ЕПА