Top Sport

Атлетико богато го наплати „Винсенте Калдерон“

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид заработил 100 милиони евра од продажба на две парцели на кои се наоѓаше нивниот стар стадион „Винсенте Калдерон“. Клубот очекува дополнителен приход бидејќи за продавање има уште една парцела.

„Јорганџиите“ од продажбата на комплетниот простор треба да заработат 180 милиони евра.

Легендарниот стадион се простирал на површина од 63.076 квадратни метри, Атлетико своите натпревари таму ги играше 50 години, а од сезоната 2017/2018 своите натпревари ги игра на новиот стадион „Ванда Метрополитано“. Изградбата на овој стадион изнесувала 240 милиони евра.

„Винсенте Калдерон“ се очекува целосно да биде срушен до септември.

Scroll to Top