Top Sport

Атлетико го израмни клупскиот рекорд

Атлетико Мадрид, во сабота, го победи Реал Сосиедад во 14.коло во Ла Лига и го израмни клупскиот рекорд според бројот на последовни натпревари без пораз.

Атлетико со пресврт го совлада Реал Сосиедад (2:1) со головите на Фелипе Луис во 63. и Антоан Гризман во 88.минута. Претходно гостите од Сан Себастијан водеа со голот од пенал кој го реализира Вилијам Жозе во 29.минута.

„Јорганџиите“ немаат пораз на последните 18 натпревари (11 победи, 7 нерешени) во Ла Лига и го израмнија клупскиот рекорд од 1941 и 1991 година.

Можност да постават клупски рекор играчите на Чоло Симеоне ќе имаат во наредното коло, на 10.декември кога во Севилја ќе му гостуваат на Бетис.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');