Иван Шапоњиќ, фудбалерот на Атлетико Мадрид, се наоѓа под надзор поради дружбата со колегата од Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Напаѓачот бил на скарата кај Јовиќ поради која играчот на Реал се најде на удар во шпанската јавност. Покрај Шапоњиќ во домот на Јовиќ бил уште еден српски фудбалер, Немања Максимовиќ од Хетафе.
Откако девојката на Јовиќ објави фоторграфии на „Инстаграм“, Атлетико реши да го одвои Шапоњиќ од првиот тим. Тој тренирал одвоено пренесоа медиумите.
Според овоие извори, Атлетико нема да го казни Шапоњиќ, но додека не стигнат резултатите од тестовите, тој нема да може да тренира со соиграчите.
Засега не е познато дали со санкции ќе се соочат Јовиќ и Максимовиќ.