Top Sport

Атлетико го потврди доаѓањето на Калиниќ

Атлетико Мадрид потврди дека му дале тригодишен договор на хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ, кој пристигнува на „Ванта метрополитано“ по една лоша сезона за тимот на Милан.

30-годишниот напаѓач пред сезоната за Милан играше за Фиорентина, каде што постигна 33 гола во 84 мечеви, а претходно играше и за Хајдук, Блекбурн и Днипро. Калиниќ има 15 гола во 42 меча за хрватската репрезентација, но ќе остане познат по тоа што беше избркан од селекторот Златко Далиќ по првиот меч на СП во Русија, по што Хрватска стигна до финалето.

Иако не се откриваат деталите на трансферот, италијанските медиуми тврдат дека се работи за сума од околу 15 милиони евра.

Scroll to Top