Top Sport

Атлетико го потврдија трансферот на Хермосо

Атлетико Мадрид го комплетира трансферот на Марио Хермосо. Дефанзивецот доаѓа од Еспањол, а со Атлетико ќе потпише пет годишен договор.

Еспањол од трансферот на Хермосо заработиле 25 милиони евра, а ќе добијат и 20 отсто од наредниот трансфер.

Со доаѓањето на Хермосо, Атлетико заврши со реконструкцијата на одбраната. Од клубот заминаа Диего Годин, Фелипе Луис, Лукас Ернандез и Хуанфран Торес, а останаа Сантијаго Аријас, Хосе Марија Хименез и Стефан Савиќ.

На овие тројца им се приклучија Фелипе, Ренан Лоди, Киран Трипие и од денес Хермозо.

Атлетико се најактивниот клуб во преодниот рок, досега продадоа играчи во вредност од 310 милиони евра, а на засилувања потрошиле 220 милиони евра.

Scroll to Top