Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец, Никола Калиниќ заминува од Атлетико Мадрид. По враќањето од позајмицата во Рома, Хрватот бараше клубот да го пушти да замине бесплатно, но шпанскиот клуб не прифаќање таков развој на ситуацијата.
Сепак, со доаѓањето на Луис Суарез кај „јорганџиите“ и со се поизвесниот податок дека Диего Коста ќе остане во клубот, клубот реши дека Калиниќ веќе не им е потребен.
Хрватскиот интернационалец би сакал да се врати во Рома каде една сезона беше на позајмица.
Сепак „АС“ пишува дека за неговите услуги е заинтересиран турски „Бешикташ кој на играчот му нуди 2.75 милиони евра годишна плата.