Атлетико Мадрид и Штутгарт одиграа 1:1 на пријателски меч на „Мерцедес Бенц арената“ во Германија, откако голови постигнаа Хоакин Муњоз и Даниел Дивади.
Германскиот клуб прв стигна до водство по гол од пенал на Даниел Дивади, а во 57. минута, тие имаа шанса да зголемат на 2:0. Во 59. минута, Муњоз искористи грешка на дефанзивците на Штутгарт за да израмни на 1:1.
За Атлетико ова беше последен тест пред УЕФА Суперкупот против градските ривали Реал Мадрид на 15 август во Талин, Естонија.