Top Sport

Атлетико ја потврдија позајмицата на Регилон

Атлетико Мадрид ја потврдија позајмицата на левиот бек Серхио Регилон од Тотенхем, без опција за откуп на договорот, со што Шпанецот се враќа во својата престолнина, но наместо белиот дрес на Реал Мадрид, ќе биде член на лутите ривали.

25-годишниот Регилон пристигна во Лондон пред две сезони од Реал Мадрид, но по поставувањето на Антонио Конте за менаџер на Тотенхем, го загуби место во првиот тим и се реши на трансфер за да си ги зголеми шансите да биде дел од репрезентацијата за Светското првенство во ноември.

Scroll to Top