Реал Мадрид, синоќа, со голема помош на судиите победија кај Леванте (2:1). Двата гола играчите на „кралскиот клуб“ ги постигнаа од пенал, во 43 и 78 минута. Бура во јавноста крена вториот пенал што што беше досуден за Реал. Иако судиите во Шпанија од оваа сезона имаат помош од ВАР-системот, очигледно е дека тој се употребува селективно.
Касемиро успеа да го измами главниот судија во 78 минута, кога одглуми контакт во дуелот со Докуре. Забавената снимка покажува дека контакт помеѓу овие двајца нема. На снимката може да се забележат несмасната реакција на Докуре кој ја промаши топката и одличните актерски способности на Каземиро.
Судијата „забележал“ контакт, а иако ситуацијата е спорна, тој не сакаше ниту да ја искористи помошта на ВАР и да ја прегледа снимката.
#Oscars Mejor actor…
Casemiro, Real Madrid…pic.twitter.com/xiaA5hayDO
— Federico Sariñana (@PikoSarinana) February 25, 2019
Шпанците жестоко ја критикуваат грешката на судијата, а се огласија и од Атлетико Мадрид со коментар кој дополнително ќе го разгори ривалството помеѓу клубовите.
„Вечерва се доделуваат Оскарите, а ова беше неверојатен почеток“, порачале на „Твитер“ од Атлетико Мадрид, алудирајќи дека во текот на ноќта во Лос Анџелес беа доделени најпрестижните филмски награди.
? La noche de los Oscars ha arrancado a lo grande. ¿Una película?
#LaHistoriaInterminable. Atléticos, ¿cuál elegís vosotros? ?— Atlético de Madrid (@Atleti) February 24, 2019