Top Sport

Атлетико ќе ја „пријави“ Барса за Гризман

Атлетико Мадрид ќе ја пријави Барселона до Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради нелегалниот пристап до нивниот играч, Антоан Гризман.

Каталонците, очигледно, не ја кријат желбата да го донесат францускиот напаѓач во своите редови, откако директорот на Атлетико, Гилјермо Амор неодамна изјави дека имаат контакти со Гризман, нешто на што „рохибланкос“ решија да одговорат со акција.

„Ако Бартомеу се сретна со семејството на Гризман како што велат весниците, тогаш мора да има и пристап до него“, изјави Амор.

Манчестер јунајтед исто така е заинтересиран за Гризман, но Барселона во последните месеци изгледа на „пол-позицијата“. 26-годишниот Гризман има 90 гола во 177 натпревари со Атлетико Мадрид од 2014 година.

Scroll to Top