Top Sport

Атлетико на пенали го победија Чивас (Видео)

Атлетико Мадрид на пенали го победи Чивас Гвадалахара со 5-4. Мечот одигран во Арлингот, во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите, во регуларниот тек заврши 0-0.

„Јорганџиите“ беа тимот кој повеќе напаѓаше и создаваше шанси но не успеаја да реализираат неколку добри обиди, а во првиот дел поради офсајд беше поништен голот на Диего Коста.

Работата на Атлетико им беше отежната од 24 минута кога црвен картон доби Маркос Љоренте. Играчот на Атлетико спречи еден од напаѓачите н Чивас да излезе сам пред голманот Јан Облак.

Силите на теренот се израмнија во 61 минута кога Виланова го доби вториот жолт картон. Играчот на Чиваз за шест минути доби два жолти картони.

Пенал рулетот го реши резервниот голман на Атлетико, искусниот Антонио Адан. Во третата серија за Атлетико не реализираше Иван Шапоњиќ, а потоа Адан во петтата и шестата серија им ги одбрани ударите на Белтран-Круз и Сервантес.

foto/epa

Scroll to Top