Top Sport

Атлетико неочекувано тргнуваат по Жорди Алба

Атлетико Мадрид се подготвени да тргнат по уште еден ветеран на Барселона, откако според „Мундо депортиво“, имаат понуда до Жорди Алба, кому договорот му завршува во 2024 година.

Блауграна му должи на Алба околу 38 милиони евра во плати по летната одлука за намалување на платите, и претседателот Жоан Лапорта или ќе се реши да го продаде ова лето, или ќе треба да му понуди ново продолжување на договорот за да се исплатат заостанатите плати, тврди „МД“.

Алба јавно вели дека сака да остане на „Ноу Камп“, но го загуби стартното место како лев бек покрај Алехандро Балде оваа сезона. Од друга страна, Барса можат да се договорат со Атлетико за ангажман на Јаник Караско, а со трансферот на Алба сумата која Барса ќе ја плати станува помала. Покрај тоа, Алба има понуда од Ал-Хилал во Саудиска Арабија.

Scroll to Top