Top Sport

Атлетико одбиле 150 милиони евра за Феликс

Атлетико Мадрид одбиле понуда вредна 150 милиони евра за Жоао Феликс, објави специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“.

Според овој извор челниците на клубот од „Ванда Метрополитано“ пред неколку месеци добиле понуда од неименуван англиски клуб која без размислување ја одбиле.

Иако Жоао Феликс не игра на нивото на кое очекуваа во Атлетико, челниците на клубот и тренерот Диего Симеоне немаат намера да го продадат.

Подобри денови во црвено-белиот дрес младиот Португалец најави во средата кога постигна два гола против Осасуна во победата на Атлетико од 5:0.

Жоао Феликс во Атлетико пристигна како замена за Антоан Гризман. Неговиот трансфер од Бенфика изнесуваше 126 милиони евра.

Scroll to Top