Атлетико не успеа да го искористи вчерашниот кикс на Барселона бидејќи беа поразени од Бетис во Севилја со 1:0.
Бетис први се заканија во четвртата минута преку Федал, но Облак со брилијантна интервенција спречи гол. Во остатокот од натпреварот Атлетико го диктираше ритамот, а одбраната на Бетис успеваше да ги одбие сите напади.
Алваро Мората дебитираше за Атлетико, а неговиот дуел со Манди во 56 минута судијата не го окарактеризира како пенал.
Шест минути подоцна Фелипе Луис невнимателно играше со рака пред својот гол, а пеналот Каналес го претвори во гол.
Три минути подоцна Гризман од 20 метри го погоди дирекот.
Ова е прв пораз на Атлетико во Ла Лига уште од септември минатата година, кога тимот на Чоло Симеоне загуби од Селта во Виго.
Во наредното коло Атлетико во големото дерби ќе го пречека Реал.