Top Sport

Атлетико пак на „пазарење“ во Бенфика – го зема српскиот талент Шапоњиќ

Откако го земаа португалскиот талент Жоао Феликс за фантастични 126 милиони евра, Атлетико Мадрид сака од Бенфика да донесе уште еден талентиран фудбалер, 20-годишниот Србино Иван Шапоњиќ, тврди шпанскиот „Ас“.

По шпекулациите дека Диего Коста планира кам-бек во Премиер лигата, а по неизбежното заминување на Антоан Гризман и продажбата на Никола Калиниќ, во Атлетико сметаат дека им е потребен напаѓач, и според „Ас“ го нашле човекот во младиот Шапоњиќ.

Шапоњиќ е дел од славната српска репрезентација до 20 години која во 2015 година стана светски шампион, по што замина од Партизан во Бенфика за 3 милиони евра.

Scroll to Top