Атлетико Мадрид, вечерва пред полни трибини ќе го пречека Манчестер сити, во четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите.
УЕФА го казни Атлетико со затворање на дел од трибините (5.000 места), поради инцидентот што го предизвикаа неговите навивачи во првиот натпревар во Манчестер. Дел од навивачите на Ателтико салутираа со нацистички поздрав.
Атлетико на оваа одлука се жалеше до Судот за спортска арбитража.
Од клубот соопштија дека сите „членови и навивачи со сезонски и поединечни билети ќе можат да го гледаат натпреварот“.
Значи „вана Метрополитано“ ќе биде во пол капацитет од 68.540 гледачи.
Сити првиот натпревар го добија со 1:0. Победникот во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид.