Top Sport

Атлетико пројавиле интерес за Жиру

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид го контактирал Челси во врска со Оливие Жиру. Медиумите во Шпанија објавија дека Атлетико е заинтересиран да го позајми Жиру.

Од друга страна, англискиот „Скај спорт“, објави дека Челси сака да го продаде францускиот напаѓач, а доколку не успее тогаш во опција една од опциите е да го испрати на позајмица.

Жиру, во јануари, пристигна во Челси од Арсенал и успеа да постигне три гола на 13 натпревари.

Напаѓачот беше стандарден во француската репрезентација која триумфираше на Светскоро првенство. Интересно, во Русија, Жиру не постигна ниту еден гол на седумте натпревари, а ниту еден од неговите 13.удари упатени кон противничките голмани не завршил во рамката на голот.

Иако не постигна гол, Жиру тактички одигра совршено светско првенство и поради тоа Атлетико сака да го донесе во Мадрид.

На тој начин Чоло Симеоне би го споил репрезентативниот тандем на Франција, Гризман-Жиру.

Атлетико се интересира и за напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ, но за неговиот евентуален трансфер треба да реши новото раководство на Милан.

Scroll to Top