Атлетико Мадрид со фантастични 1:5 победа на гостувањето кај Локомотив Москва го запечати своето место во четврт-финалето на Лигата на Европа, каде што дефинитивно ќе биде еден од тимовите кои се фаворити за трофејот.
„Јорганџиите“ беа блиску до најдобрите осум и по првиот меч на „Ванда Метрополитано“, кој го добија со 3:0, но на гостувањето во Москва беа уште порасположени во нападот за импресивна победа.
Анхел Кореа, Саул Нигуез и Антоан Гризман постигнаа по еден гол, додека ветеранот Фернандо Торес имаше два гола (еден од пенал) за убедлива победа на „Локомотив“ стадионот во Москва.
Фото: ЕПА