Атлетико Мадрид ги разгледува можностите за да го донесе на „Ванда Метрополитано“, Антони Марсијал од Мначестер јунајтед.
Шапнскиот шампион сака преку пат на размена да го донесе повремениот француски репрезентативец во Мадрид. „Јуроспорт“, пишува дека Атлетико на Манчестер јунајтед им понудиле да изберат играч од нивниот тим и со одредени други услови Марсијал да се пресели во Мадрид.
Марсијал има договор со Јунајтед до јуни 2024 година, сезонава настапил на само седум натпревари во Премиер лигата. Член на Јунајтед стана во 2015 година.
Според „Трансфермарк“, на фудбалскиот пазар неговата вредност изнесува 60 милиони евра.