Top Sport

Атлетико тргнуваат по Марко Верати

Атлетико Мадрид се заинтересирани да го донесат Марко Верати како најважно засилување во летниот преоден рок на тимот на Диего Симеоне, тврдат шпанските и италијанските медиуми.

Италијанскиот фудбалер од средниот ред повеќе години е во Париз, но шпекулациите велат дека е незадоволен од ситуацијата во францускиот шампион иако има договор до јуни 2026. Се верува дека Рома на Жозе Мурињо е заинтересирана за неговиот потпис, но не успеале да го убедат да се врати во Италија.

Атлетико во исто време, мора да го засили својот среден ред, откако станува јасно дека веќе не сметаат на Жоао Феликс и ќе се обидат да го продадат Португалецот ова лето.

Scroll to Top