Top Sport

„Атомската мравка“ се враќа во Парма?

Италијанскиот фудбалер, Себастијан Џовинко се наоѓа пред враќање во Серија А, ексклузивно пренесува „Скај“. Фудбалерот популарен како „атомската мравка“ моментно е член на Ал Хилал од Саудијска Арабија.

Реномираниот италијански ТВ канал пренеува дека Парма и нејзиниот спортски директор, Фаџано забрзано работат на враќањето на Џовикно во клубот каде играше во периодот мешу 2010 и 2012 година.

Од Парма во Џовинко гледаат одлична замена за нашинецот Дејан Кулушевски кој ова лето го напушта клубот и се сели во Јувентус.

Џовинко за двете сезони поминати во Парма одигра 70 меча, постигна 23 гола и имаше 19 асистенции, а токму оттаму направи трансфер во редовите на „Старата дама“.

Scroll to Top