Top Sport

Аугзбург со победа кај Келн излезе од зоната за испаѓање

Аугзбург стигна до важна 0:2 победа кај Келн во првиот меч од 15. коло во Бундеслигата, освојувајќи три поени со кои барем привремено излезе од зоната за испаѓање во германската елита.

Трите поени беа освоени доцна во второто полувреме – Андре Хан во 72. минута ги донесе гостите во водство, пред Никлас Дорш во 88. минута да ја запечати победата.

Аугзбург сега се на 14. место на табелата со 16 поени, два над зоната за испаѓање, додека Келн остануваат деветти со 19 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top