Газдата на Манчестер јунајтед, Аврам Глејзер го пофали Кристијано Роналдо во мотивацискиот говор кој го имаше пред тимот во американски фудбал на Тулејн универзитетот во САД.
Глејзер, кој со својата сопруга Џил се големи донатори на универзитетот, се обидуваше да ги мотивира играчите по тешката сезона во која имаат 1-8 скор, и затоа го спомена Роналдо, иако ја згреши возраста при која Португалецот се приклучи на Јунајтед.
„Тој дојде кај нас кога имаше 16 години (Роналдо имаше 18 кога потпиша за Јунајтед н.з.). И од денот кога дојде во Манчестер јунајтед, тој беше првиот кој пристигнуваше на тренинг и последниот кој си одеше. Големите спортисти не се родени големи, туку работат напорно за да го стигнат својот максимум. Морате да бидете фокусирани најмногу и да го остварите својот максимум“, изјави Глејзер за Роналдо.
Cristiano Ronaldo first joined Manchester United at 16 — Avram glazer pic.twitter.com/cnYUu8WoNx
— ⌚ (@FergieTimeW) November 12, 2021