Аврам Глејзер, еден од газдите на Манчестер јунајтед, денеска, како што беше најавено беше на „Вембли“ за финалето на Карабао купот помеѓу Јунајтед и Њукасл, во период во кој во англиските медиуми се шпекулира дека американското семејство се премислува за продажба на клубот.
Глејзери наидоа на отпор меѓу фановите на Јунајтед откако го купија клубот, но тоа не му пречеше на Аврам Глејзер да биде во друштво на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Според англиските медиуми и покрај понудите од Сер Џим Ретклиф и катарскиот шеик, Џасим Бин Хамад Ал-Тани, Глејзери би сакале да го заддржат клубот посебно по најавата на американската фондација „Елиот менаџмент“ (поранешни газди на Милан) за купување на дел од клубот.