Хондурас и Австралија одиграа 0:0 во првиот интерконтинентален бараж за пласман на СП во Русија, но гостите се тие кои можат да жалат што пред реваншот во Сиднеј немаат барем еден гол предност.
Најдобрата шанса, Австралијците ја имаа во 34. минута, кога Томи Јурич ги помина дефанзивците во Сан Педро Сула, и излезе сам пред голманот Донис Ескобер, но не беше прецизен. По осум минути во второто полувреме, Јурич повторно го тестираше голманот, кој со одлична интервенција го одбрани неговиот удар со глава.
Преполниот стадион ја чекаше добро најсериозната шанса на Хондурас, кога во 82. минута замената Карлос Костли го погоди само голманот Мети Рајан.
Австралискиот селектор, Ејнџ Постекоглу по мечот ги обвини медиумите во Хондурас дека не го почитувале неговиот состав и дека тоа било главна мотивација пред мечот, и посебно беше лут на весникот кој ги опиша Австралијците како „11 кенгури“.
„Можеби мислевте ќе биде лесно. Во весникот прочитав дека играте со 11 кенгури, но и кенгурите играат фудбал, нели?“, изјави Постекоглу.
Реваншот и патникот за Русија ќе се одлучи во среда.