Top Sport

Австралијците ги откажаа пријателските натпревари во Европа

Челните луѓе на Фудбалскиот сојуз на Австралија, во четвртокот, соопштија дека ги откажале закажаните контролни натпревари во Лондон против Англија и САД. Одлуката била донесена поради вложувањето на епидемиолошката ситуација во Европа.

„Следејќи ги советите и препораките на медицинските лица ја откажавме турнејата по Европа“, стои во соопштението.

Ова значи дека Австралија нема да одигра ниту еден натпревар оваа година. Австралијците, во март наредната година, треба да ги започнат квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Претходно и Нов Зеланд го откажа натпреварот со Англија. Англичаните во ноември, пред дуелите со Белгија и Исланд во Лигата на нации, ќе одиграат контролен меч со Ирска.

Scroll to Top