Top Sport

Австралискиот селектор очекувал „чесен судија“

Селекторот на Австралија, Берт ван Марвајк вели дека очекувал да имаат „чесен судија“ во дуелот со Франција, откако со помош на ВАР технологијата, „триколорите“ стигнаа до тешка 2:1 победа.

Холанѓанецот Ван Марвајк не беше задоволен од уругвајскиот судија Андрес Куња, откако Антоан Гризман постигна гол од пенал по консултација на ВАР видеото.

„Се надевав дека барем еднаш ќе имаме чесен судија, и дека нема да се правда со видео-технологија“, вели Ван Марвајк, кој со Холандија стигна до финалето на СП во 2010 година.

Тој најмногу се налути на начинот на кој Уругваецот побара да се разгледа снимката по фаулот на Џош Риздон над Гризман.

„Го видов како стои таму. Говорот на телото беше дека не знае што се случи. А потоа мора да одлучи – Франција или Австралија. Да кажеме дека од 10 луѓе седум ќе кажат дека е пенал. Дали тогаш навистина е пенал?“, вели Ван Марвајк.

Погба донесе победа за Франција во тесниот меч со Австралија (видео)

Scroll to Top