Еден политичар од редовите на владејачката Слободарска партија на Австрија (ФПО), во коментар на социјалната мрежа „Фејсбук“, француските репрезентативци во фудбал ги нарекол „Конго мајмуни“. Тој напишал: „тие Конго мајмуни треба да бидат игнорирани“.
„Тоа не се светски прваци“, напишал политичарот, кој е заменик на шефот на месниот огранок на партијата во регионот Пнцгау. По објавата политичарот си поднел оставка на функцијата.
Слични расистички испади овој политичар имал и во минатото.