Top Sport

АЗ Алкмар поради Феенорд го отпуштија тренерот Слот

АЗ Алкмар, објави дека му врачиле отказ на тренерот, Арне Слот. Отказот не е последица на лошите резултати или незадоволството на клупските челници од неговата работа, туку е резултат на медиумиските шпекулации дека, Слот, од наредната сезона ќе биде тренер на Феенорд.

АЗ Алкмар, во кусото соопштение, потврди дека на местото на Слот ќе дојде неговиот помошник Паскал Јансен. Помошник на јансен ќе му биде, тренерот во клупската академија, Роберт Франсен.

АЗ Алкмар во домашнот шампионат немаат пораз по девет одиграни натпревари, се наоѓаат на седмото место, со десет поени помалку од лидерот Ајакс, додека во Лига Европа, во четврток, со евентуален триумф кај Риека, ќе се пласираат во нокаут-фазата.

Scroll to Top