Top Sport

Азар донесе нова лесна победа за Челси (видео)

Челси стигна до водство од 0:2 по само шест минути од гостувањето на „Амекс“ стадионот во Брајтон, за да го комплетира 0:4 триумфот и да се израмни со Манчестер јунајтед на 50 поени на второто место на табелата.

Еден Азар ги донесе „Сините“ во водство по само три минути игра, а веќе во шестата минута, Вилијан го удвои водството по проигрување со Азар и Мичи Батшуаи. Азар постигна втор гол во 77. минута, пред Виктор Мозес во 87. минута да го постави конечниот резултат.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');