Top Sport

Азар „имун“ на критиките: Едноставно е, не разбирам шпански

Еден Азар во интервју за домашниот белгиски весник „Ла дерниер ор“ вели дека нема „тежок“ старт на кариерата како фудбалер на Реал Мадрид, но додава дека не ги прочитал постојаните критики во шпанските медиуми, поради едноставна причина – уште не разбира доволно шпански.

Азар беше најавуван како мега-засилување за „лос бланкос“ по трансферот од Челси, но во првите пет меча за клубот не успеа да стигне ниту до гол, ниту до асистенција, пред во последниот меч пред репрезентативната пауза да постигне гол и асистенција при 4:2 победата над Гранада.

„Не, не проживеав тешки недели во Мадрид, тоа е сигурно. Знам дека зборуваат за Реал насекаде и затоа сум таму, но уште не го разбирам шпанскиот доволно добро, така што не ги гледам критиките“, вели 28-годишниот Белгиец.

Scroll to Top