Top Sport

Азар искрен: Одмарав три години во Реал, не сум готов

Еден Азар вели дека не е подготвен да се пензионира по конечното заминување од Реал Мадрид, гледајќи со малку хумор на времето поминато кај „кралевите“, кои го сметаат Белгиецот за едно од најлошите засилувања во историјата на клубот.

Реал плати 100 милиони еврар да го донесе Азар од Челси, но тој беше крајно разочарување поради слабата форма и низата повреди, но на 32 години не планира да се повлече.

„Се одмарав три гоини во Реал Мадрид, така што не сум уморен. Пензионирање? Уште не знам. По овие три години, сакам да поминам време со семејството и да одам на одмор како сите останати. Прочитав многу глупости за мене последните неколку денови. Дали ќе одам во Моленбек со мојот брат? Не знам дали тоа е глупаво, ќе видиме. Не ви ги давам одговорите кои ги очекувате, бидејќи искрено ниту јас уште ги немам“, вели Азар.

Scroll to Top