Top Sport

Азар: Ќе бидам најголемото засилување за Реал

Еден Азар самиот вели дека ќе биде најголемото засилување на Реал во новата сезона. Беглиецот минатото лето пристигна во Мадрид за 115 милиони евра, имаше лоша сезона, го мачеа повредите поради што одигра само 22 натпревари, на кои постигна еден гол и забележа седум асистенции.

„Ќе ми судат по мојата втора сезона“, рекол за „Марка“ Азар.

„Марка“ ги анализира зборовите на Азар со податокот дека Кристијано Роналдо во својата втора сезона во Реал постигнал 53 гола на 54 натпревари, Бразилецот Роналдо постигнал 31 гол, а додека Фиго и Зидан во својата втора сезона во клубот ја освоиле Лигата на шампионите.

Scroll to Top