Top Sport

Азар: Колената ми горат

Еден Азар, решил да се откаже од вообичаениот начин на кој што ги прославува головите. Белгиецот, секогаш кога ќе постигне гол, со колената лизга по тревата.

„Морам да престанам да го правам тоа. Колената ми горат. Повеќе нема вака да прославувам“, низ шега на медиумите им порачал Азар.

Последен пат, доколку несе премисли, Азар на ваков начин се радуваше на голот што го постигна во средата против Ливерпул, во Карабао купот (Лига куп).

Scroll to Top