Top Sport

Азар: Лукаку заслужува сѐ

Еден Азар немаше доволно пофални зборови за својот колега од белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку откако двајцата постигнаа по два гола за 5:2 победата над Тунис во саботата.

Азар вели дека напаѓачот на Манчестер јунајтед, Лукаку работи напорно за успехот кој го има со белгиската репрезентација, откако има четири гола во два меча и е израмнет со Кристијано Роналдо како најдобар стрелец на шампионатот. Лукаку е првиот фудбалер по Диего Марадона во 1986 година кој постигнал по два гола во два последователни меча на Мундијалот.

„Мислам дека тоа момче заслужува сѐ. Работи напорно на тренинг, постигнува голови и ние победуваме. Во одличен момент сме кога играме заедно и многу сме посилни. Кога ќе му дадете топка пред гол, тој никогаш не промашува“, вели Азар.

Азар беше изваден предвреме во добиениот меч, заедно со Лукаку, но селекторот Роберто Мартинез изјави дека 27-годишниот ас на Челси има мала повреда на бутниот мускул.

„Го почувствував тоа во првото полувреме, но без страв, не е ништо големо“, вели Азар.

Фото: ЕПА

Scroll to Top