Top Sport

Азар: Манчестер јунајтед? Нема шанси! (видео)

Напаѓачот на Челси, Еден Азар уште нема нов договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“, но барем фановите можат да бидат сигурни дека тој нема да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Азар веќе шест години е во Челси, откако дојде од Лил, но последните месеци имаше многубројни шпекулации околу наводниот интерес на Реал Мадрид, но и на Манчестер јунајтед, предводени од неговиот поранешен шеф Жозе Мурињо.

Азар, додека на своите фанови им покажуваше во живо како се потстрижува, веднаш одговори на еден коментар кој му порача да „дојде во Јунајтед“, мафтајќи и велејќи „нема шанси“. 27-годишниот Белгиец има договор со Челси до 2020 година, а оваа сезона постигна 16 голови за тимот на Антонио Конте.

Scroll to Top