Top Sport

Азар мисли само на Реал Мадрид, не сака назад во Премиер лигата

Еден Азар можеби засега е сметан за едно од најлошите засилување на Реал Мадрид во историјата, но вели дека целосно е посветен на „кралевите“ отфрлајќи можност за враќање во Премиер лигата по шпекулациите дека сака повторно да игра за Челси.

По трансферот од 100 милиони фунти во 2019 година, тој успеа да пропушти неверојатни 59 натпревари поради повреди, постигнувајќи само 4 гола во 30 меча. И покрај ова, тој не очекува трансфер ова лето.

„Не гледам зошто би заминал од Реал Мадрид сега. Првите две сезони не беа одлични само поради повредите. Кога сум фит, можам да направам големи работи за клубот за кој настапувам. Сега сакам да размислувам само за Европското првенство, а потоа ќе го дадам мојот максимум за Реал“, вели Азар.

Scroll to Top