Еден Азар може да не заигра фудбал повторно ако оди на трета операција на скочниот зглоб, предупредува Хозе Гонзалез, докторот на ривалите на Реал Мадрид, Атлетико Мадид.
Престојот на Белгиецот кај „кралевите“ по трансферот од 150 милиони евра во 2019 година се претвори во вистински кошмар, а тој сега повтнро е во аут со повреда на скочниот зглоб и се верува дека сака да оди на нова операција. Докторот Гонзалез вели дека тоа може да е голема грешка.
„Според моето искуство, тешко е тој да се врати на ниво да игра со Реал Мадрид оваа сезона. Кога фудбалер ќе се врати по долга пауза без вистински тренинг, нормално е повторно да следува повреда. Тој сака да покаже дека вреди и го даде максимумот, но телото едноставно не може. Ако се реши на трета операција, тоа може да биде многу ризично, бидејќи постои можност повеќе да не заигра фудбал во животот“, вели Гонзалез за „Онда серо“.
30-годишниот Азар оваа сезона има 9 натпревари, 3 гола и 1 асистенција.