Еден Азар, лидерот на репрезентацијата на Белгија го најави своето заминување од Челси. Белгиските медиуми ја објавија неговата изјава дадена по завршувањето на натпреварот за третото место на Светското првенство, во кој Белгија ја победи Англија 2:0, а Азар беше стрелец на вториот гол.
„По шест преубави години во Челси, мислам дека дојде време да откријам нешто поинакво. Можам да решам дали ќе останам или ќе заминам, но сепак одлуката на клубот ќе биде конечна. Доколку добијам дозвола да замина мислам дека сите знаете каде би сакал да одам“, рекол Азар.
Јасно е дека дестинацијата што ја преферира е Мадрид и „Сантијаго Бернабеу“. Реал би требало да го донесе Азар како замена за Кристијано Роналдо.