Најдобриот играч на Челси, Еден Азар, изјавил дека на неговиот тим не му се потребни засилувања во нападот, бидејќи таму се Шпанецот Алваро Мората и неговиот сонародник Мичи Батшуаи.
Британските и италијанските медиуми денеовиве објавија дека Челси наскоро ќе се засили со двајца играчи на Рома, едниот е Џеко, а другиот Бразилецот Емерсон Палмиери. Наводно Челси на Рома ќе и плати 60 милиони евра.
„Јас сум среќен со овој тим кој го имаме. Се зависи од тоа како играш. Имаме добри напаѓачи Мората и Батшуаи, дури и јас можам да играм во нападот. Мислам дека не ние потребно засилување во нападот. Кога не ги реализираме шансите луѓето зборуваат дека ние потребен напаѓач, а кога ќе се распукаме тогаш велат дека имаме најдобри напаѓачи во лигата“, рекол Азар за „Ивнинг Стандард“.
За Белгиецот пример за неговото мислење е Манчестер Сити, кој според него сезонава е најдобар тим во Премиер лигата.
„Манчестер Сити е најдобар тим во лигата, а има само двајца напаѓачи, Габриел Жесус и Кун Агуеро и тие не се големи, односно не се „таргет мен“. Се зависи од тоа каков стил форсираш. Ако играш со долги топки тогаш ти треба „таргет мен“, но за посед и за пас игра ти требаат ниски фудбалери“, појаснил Азар.
Челси сезонава во Премиер лигата има постигнато 45 гола на 24 натпревари, во просек тоа е речиси два гола по натпревар и се наоѓа на третото место со 50 бодови, 15 помалку од лидерот Сити.