Top Sport

Азар останал во Мадрид, ја пропушта Мајорка

Сериозни проблеми има тренерот на Реал, Зинедин Зидан, пред вечерашниот гостување кај Мајорка. Тој нема да може да смета на повредените Марко Асенсио, Начо, Герет Бејл, Лука Модриќ и Тони Крос, а во последен момент од тимот отпаднал и Еден Азар.

Белгиецот за кого „кралскиот клуб“ летово издвои 100 милиони евра, остана во Мадрид. Азар четврти пат станал татко и добил дозвола од Зидан да остане со сопругата.
Јасно е дека повредите го кројат тимот на Реал за дуелот со Мајорка, а медиумите најавуваат дека поради тоа Зидан ќе ја смени и формацијата, односно дека ќе игра 4-4-2, со Карим Бензема и критикуваниот Лука Јовиќ во нападот.

„Јовиќ не е депримиран. Напротив добро ја разбира ситуацијата. Мислам дека е многу подобар него на почетокот на сезоната. Полека почна да зборува и шпански, влегува во динамиката“, рекол Зидан.

Покрај Јовиќ и Бензема Зидан како алтернатива во нападот ќе го има и Маријано Дијаз, кој остана во тимот иако летово имаше неколку понуди.

Зидан нема проблеми со одбранбениот ред, сите ќе му бидат на располагање, додека најмногу главоболки му задава средниот ред каде во конкуренција ќе бидат Каземиро, Федер Валверде, Хамас Родригез, Брахим Дијаз и Родриго.

Дуелот на Балеарските острови помеѓу Мајорка и Реал ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top