„Љубовта“ на Еден Азар кон Реал Мадрид не престанува и покрај тоа што неговиот фудбалски идол Зинедин Зидан веќе не е тренер на „кралскиот клуб“, и со секоја наредна изјава е поблиску до заминување од Челси.
Договорот на Азар со Челси завршува на крајот на сезоната 2019/20, и тој уште еднаш изјави дека го сака Реал како клуб.
„Секогаш сум го сакал Реал Мадрид како клуб, со или без Зидан. На крајот на оваа сезона имам уште една година со Челси и ќе видиме што ќе се случи. Но, верувајте, јас самиот ќе ја направам одлуката“, изјави 27-годишниот Белгиец за „РМЦ“.
Eden Hazard on RMC: “I have always liked Real Madrid as a club, with or without Zidane. At the end of this year I have 1 year left on my Chelsea contract. We will see, it’ll be up to me to make the decision.”
— Get French Football News (@GFFN) December 10, 2018