Top Sport

„Азар пијан забележа хет-трик против Нанси“

Поранешниот соиграч на Еден Азар од Лил, Рио Мавуба, раскал што се случувало пред последниот натпревар на Белгиецот во дресот на францускиот клуб.

Ноќта на 19.мај 2012 година, Азар решил да направи проштална забава. Тој по завршувањето на сезоната се пресели во Челси.

Наредниот ден против Нанси тој го одигра последниот натпревар за Лил. Си замина од клубот со хет-трик.

„Сакаше да се прости со сите нас. Приреди луда забава, ден пред мечот со Нанси. Цела ноќ пиеше, сабајлето се уште беше пијан. Подоцна против Нанси постигна три гола за 30 минути“, открил Мавуба.

Лил го совлада Нанси, во последното коло со 4:1. Азар головите го постигна во 10., 27. и 34.минута.

Scroll to Top