Top Sport

Азар по мечот со Алавес: Повредата е во минатото, сега ќе покажам што умеам

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар вети дека проблемите со повредата на скочниот зглоб се во минатото  и вети дека ќе биде тука за „кралевите“, откако одигра еден час при 4:1 победата над Алавес во саботата и имаше една асистенција.

По пристигнувањето од Челси за 100 милиони евра, Азар се мачеше со низа повреди, со слаба физичка подготвеност и постојано беше на мета на навивачите на Реал Мадрид, меѓутоа сега под старо-новиот тренер Карло Анчелоти, вели дека работите се смениле.

„Повредата на скочниот зглоб е во минатото, веќе е надвор од мојата глава. Уживам да играм со Бензема, се познаваме многу добро и лесно е да се игра со таков напаѓач. Се чувствувам добро, и сакаме титулата да ја освоиме Ла лига оваа сезона“, изјави Азар по мечот.

Scroll to Top