Top Sport

Азар: Салах не доби фер-шанса во Челси

Плејмејкерот на Челси, Еден Азар признава дека египетскиот напаѓач Мохамед Салах не добил шанса да покаже што умее во лондонскиот клуб, и додава дека се гледа дека напаѓачот на Ливерпул е „врвен играч“.

25-годишниот Салах дојде во Челси во 2014 година, но одигра само 19 натпревари за „сините“, пред да биде позајмен на Фиорентина во 2015. Потоа, тој помина една сезона во Рома, пред постојан трансфер во 2016 година, пред во јули да се врати во Премиерлигата со Ливерпул и да постигне 9 гола во 12 натпревари.

„Тој е врвен, врвен, врвен играч. Во Челси не доби шанса, можеби поради менаџерот, можеби поради другите играчи. Навистина не знам. Но, во тој момент во Челси бевме јас, Вилијан, Оскар, и не беше лесно да се стигне до првиот тим. Секогаш е добро да се игра против пријател, но Ливерпул не се само Салах“, вели Азар.

Шампионите Челси патуваат на „Енфилд“ во сабота, со три поени разлика меѓу нив на табелата.

Scroll to Top